Азија: Бум на воздухопловството
17 јануари 2012Времето околу кинеската Нова година, попознато како „Пролетен фестивал“, е шпиц сезона за патувања, нешто што се чувствува и на аеродромот во Шангај. Таму минуваат по 1 700 авиони на ден слетувајќи или полетувајќи од источно-кинеската економска метропола. Севкупно, според властите, слетувањата низ земјата се за седум проценти поголеми во споредба со претходната година. Кај домашните летови Кина веќе ја надмина Западна Европа и е за малку зад САД.
Дури и кај авиокомпаниите регионот Азија-Пацифик е далеку пред останатите. Според проценките од Ербас, 33 проценти од глобалниот удел на пазарот веќе речиси 20 години доаѓаат од превозници од регионот. На САД и Европа отпаѓаат 20, односно 25 проценти.
Значајно зајакнување во побарувачката има од околните земји со растечки пазари како Индија. На значење добиваат и големите меѓународни аеродроми каде се вкрстуваат патиштата. Во моментов единствена причина за незадоволство: поврзувањата со и во Европа, за коишто компаниите од почетокот на годинава мораат да плаќаат за испуштањето на гасови штетни по климата. Тоа не им се допаѓа на провајдерите од Америка и Азија, кои летаат кон Европа.
Автор: Јан Палокат / Александар Методијев
Редактор: Ж.Ацеска