1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Агунг заканувачки татни, евакуација на Бали

ЖА / агенции
27 ноември 2017

На индонезискиот остров Бали расте стравот од масивна вулканска ерупција. Властите наредија евакуација на околу 100.000 луѓе од околината на вулканот Агунг.

https://p.dw.com/p/2oJhM
Indonesien Bali Ausbruch des Vulkans Mount Agung
Фотографија: Reuters/Antara/N. Budhiana

Националната индонезиска служба за менаџирање катастрофи на Фејсбук напиша дека исфрлањето пепел од планината Агунг до висина од 3400 метри повремено е проследено со експлозивни ерупции и слабо заканувачко татнење. Ноќе зачестено се гледаат огнени блесоци. „Тоа укажува на опасност од претстоечка посилна ерупција“, истакнуваат властите. Селата околу вулканот се покриени со пепел, зоната на опасност околу вулканот од седумипол е проширена на десет километри. Властите прогласија аларм од највисок степен. Оттаму веќе се заминати околу 40.000 луѓе, но треба да бидат евакуирани најмалку уште толку. Меѓународниот аеродром на островот Бали останува и натаму привремено  затворен, што погоди преку 400 летови, од кои речиси 200 се меѓународни.

Indonesien Bali Ausbruch des Vulkans Mount Agung
Во околината на вулканот сѐ е покрино со пепелФотографија: Reuters/Antara/N. Budhiana

Вулканот последен пат беше активен во 1963. година, кога загинаа преку 1.000 луѓе, а бројни села беа уништени. Бали е познат туристички центар, со своите плажи и храмови привлекува милиони туристи од цел свет.

Страв од скора ерупција на Агунг