1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли постепена интеграција на Западниот Балкан во ЕУ?

БГ
13 јуни 2022

По турнејата на германскиот канцелар Шолц на Западниот Балкан, франкфуртскиот весник предлага во процесот на проширување на ЕУ да се уфрлат „меѓучекори“. Трчањето по полноправно членство не носи резултати, пишува ФАЦ

https://p.dw.com/p/4CdEI
Symbolbild Pressespiegel
Фотографија: Jan Woitas/picture alliance

Австрија приложила „нон-пејпер“ со кој предлага постепено интегрирање на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во понеделникот. Повод за текстот е посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на регионот минатата недела, а во тој контекст и идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за „интегрирање“ на Западниот Балкан во ЕУ до 2033 година.

Во текстот под наслов „Сега уште и Косово“, ФАЦ ја анализира најавата на Косово, а претходно и Украина, Молдавија и Грузија, за поднесување кандидатура за членство во ЕУ, и што таа ќе значи за процесот на проширување во иднина. 

„Зад кулисите одамна беше јасно дека по Украина, Грузија и Молдавија, и Косово ќе посака кандидатски статус во ЕУ. Тоа го потврди косовскиот премиер Албин Курти за време на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Приштина, објавувајќи дека неговата земја ќе поднесе кандидатура до крајот на оваа година“, пишува ФАЦ

Олаф Шолц Албин Курти Приштина
Олаф Шолц и Албин Курти во ПриштинаФотографија: Visar Kryeziu/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

„Формално тоа не менува ништо. Секој може да се пријави за што сака- самата желба не кажува ништо за шансите тоа да се случи. Кандидатурата не може да го смени ни фактот дека пет земји-членки на ЕУ, од внатрешно-политички причини, не го признаваат Косово. Тоа што Курти во овој момент се решава на ваков чекор, има врска и со специјалните околности од изминатите месеци, и секако со желбата да се натера ЕУ да заземе став. Неговата пресметка: Доколку некој во Брисел сака да и даде предност на една завојувана земја како Украина или на држава од Кавказот пред Косово, со неговото прозападно население, нека го каже тоа отворено“. 

„Меѓучекори“ на патот до ЕУ  

Понатаму, ФАЦ анализира по кои принципи би се одвивала натамошната интеграција на земјите од Западниот Балкан, но и на поранешните советски републики, во ЕУ. 

„На многу премиери во регионот им е јасно дека мора да се случи напредок во преговарачкиот процес за да се засилат проевропските сили на Западниот Балкан и истовремено да се ограничат руското и кинеското влијание. 

Bundeskanzler Olaf Scholz (links), Belgiens Ministerpräsident Alexander de Croo (Mitte), der griechische Ministerpräsident Kyriakos Mitsotakis (zweiter von rechts) und der niederländische Ministerpräsident Mark Rutte (rechts)
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис (втор од десно) нуди интеграција, а не полноправно членство на Западниот Балкан во ЕУ, проценува ФАЦФотографија: Olivier Matthys/picture alliance/AP

И се почесто, во тој контекст, се поставува прашањето дали не е подобро на патот кон, сѐ по неизгледното, полноправно членство да се уфрлат меѓучекори. Чекори, кои би биле доволно атрактивни, за одново да ја разбудат реформската енергија во регионот, а во истовреме да не ги налутат земјите-членки на ЕУ кои го поддржуваат проширувањето. 

Во овој правец, се чини, размислува (грчкиот премиер, н.з.) Кирјакос Мицотакис. Пред да го пречека канцеларот Шолц на регионалниот самит во Солун, Мицотакис објави авторски текст во порталот „Политико“. 

Клучната реченица е охрабрување за другите шефови на влади во ЕУ:
„Во согласност со утврдените критериуми, да понудиме интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ до 2033 година - амбициозен, но можен план“.

Притоа внимавајте: Мицотакис пишува за „интеграција". Никаде директно не се споменува идно полноправно членство на балканските држави во ЕУ“, заклучува ФАЦ

Австрискиот „нон-пејпер“ 

„Тоа“, пишува натаму германскиот весник, „потсетува на еден австриски „нон- пејпер“, неофицијален документ, кој циркулира на истата тема. Во него не се исклучува подоцнежното полноправно членство, но се зборува за „фазен план“, кој би го заменил актуелниот пат во непознатото со реалистични етапни цели.

Карл Нехамер
Австрискиот канцелар Карл Нехамер Фотографија: Michael Indra/SEPA.Media/IMAGO

Во документот се наведува дека е важно да се создадат можности за „постепено интегрирање на земјите од Западен Балкан во политички области кои се од особена корист за нив." 

Германски печат: Шолц во Скопје сакаше да покаже дека се грижи

На прво место, се зборува за „постепена интеграција во внатрешниот пазар“ на ЕУ, иако во форма на реверзибилно членство:

„Доколку се случат сериозни назадувања, моделот би вклучувал и принцип на реверзибилност." Австрискиот канцелар Карл Нехамер јасно стави до знаење дека Виена ќе се согласи со доделување кандидатски статус на Украина само доколку се постигне напредок и за Западен Балкан. 

Имајќи предвид дека Србија и Црна Гора веќе долго преговараат за членство, иако без вистински напредок, тоа во суштина е разбирливо: ЕУ не може да промовира нови кандидати за членство од поранешниот Советски сојуз, додека на Западниот Балкан, каде одамна даде ветување, и понатаму не исполнува.
Притоа, станува се појасно дека нема да има напредок се додека инволвираните страни трчаат по полноправно членство како бик по црвен чаршаф“, заклучува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема