1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авио-саем во Москва

22 август 2007

Со рекордно учество од околу 800 излагачи од 40 држави, во вторникот започна 8-иот меѓународниот авио-саем МАКС во близината на Москва.

https://p.dw.com/p/BWmZ
Саемот МАКС го отвори лично претседателот ПутинФотографија: AP

Цивилната авио-индустрија во Русија се бори да преживее. Материјалот е застарен, нема доволно специјалисти. Накусо, конкуренцијата на светскиот пазар е пресилна за неа. Производството на авиони во Русија е работа на државата. Од тие причини, рускиот претседател Владимир Путин неодамна упати остри критики:

„Производството на цивилни авиони мора да стане поконкурентно. Неговата мала моќ и недоволниот комфор веќе не се соодветни на меѓународно ниво. Во оваа индустриска гранка опремата е презастарена. Специјалистите ја напуштаат браншата, квалификациите се ниски. Посебно е лош фактот дека како во технолошкото ниво, така и во производството недостига истражување„.

Затоа, Путин со декрет има намера да ја катапултира Русија повторно во воздухопловна супер-сила. Во наредните години ќе бидат инвестирани околу 250 милиони долари, а ќа биде формирана и државна холдинг-компанија. Нејзина главна цел: руското производство на цивилни авиони повторно да стане конкурентно, што воопшто не е лесна задача, вели експертот во браншата Александар Рубцов:

„Во подрачјето на воени авиони сме асполутно конкурентни. Во цивилното загубивме 15 години. Принудени сме да започнеме одново. Во 1990 година произведовме скоро 400 авиони и бевме вториот најголем производител по САД„.

Слабите точки треба да се совладаат со меѓународна помош. Кај моторите кои сега голтаат гориво, помагаат Французите, во подмладувањето на постројките за производство учествуваат Германците. Шанса за државниот холдинг, Рубцов гледа пред се дома:

„Здружението за производство на авиони може да ја совлада домашната конкуренција. Освен тоа, може соодветно да ги подели работните ресурси, а инвестициите да ги насочи за вистинските потреби, да ги обезбеди потребните количества со прифатливи цени„.

Холдингот во целата земја вработува околу 80 илјади луѓе, но продуктивноста на вработените заостанува за 90 проценти зад Американците и Европејците. Застарената флотила, најголемата авио-компанија Аерофлот ја модернизира со модели на Боинг и Ербас за да го ублажи негативниот имиџ. На саемот во Москва се можни нови зделки.