Авионска несреќа на Синаи
6 мај 2007Реклама
На египетскиот полуостров Синаи се урна авион на меѓународната набљудувачка мисија. Во несреќата осум француски војници и еден Канаѓанец го загубија животот. Причините за несреќата сеуште не се разјаснети. Контролниот контакт бил прекинат кратко пред стартот. Меѓународната набљудувачка мисија ја надгледува границата меѓу Израел и Египет на Синаи по мировниот договор од 1979 година.