Абе поднесе оставка
12 септември 2007Реклама
И јапонскиот премиер Шинзо Абе поднесе оставка. 52 годишниот Абе, кој на функцијата дојде пред неполна година, се повлекува како последица на падот на популарноста по скандалот со проневера на парите од пензискиот систем во земјата и судирот со опозицијата околу законот за борба против тероризмот. Тој требаше да создаде основа за продолжување на ангажманот на јапонските војници во Авганистан. Како можен наследник на премиерската функција се спомнува поранешниот министер за надворешни работи Таро Асо.