1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдула Ѓул нов претседател на Турција

Исмет Кочан 29 август 2007

Турскиот парламент го избра Абдула Ѓул за нов претседател на државата. Генерлштабот на армијата во земјата порача дека ќе продолжи да ги чува вредностите на Републиката.

https://p.dw.com/p/BZCF
Абдула Ѓул положи заклетваФотографија: picture alliance/dpa

Иако формално Абдула Ѓул со 339 од потребните 276 гласови го доби легитимитетот да влезе во претседателската резиденција во Анкара, останува впечатокот дека од вкупно 447 присутни пратеници, за него гласаа само неговата партија и ниеден пратеник од опозицјата. На седницата повторно недостасуваа пратениците на опозицијата од најбројната републиканска народна партија, која заради неговото исламиситичко минато, го смета Абдула Ѓул за неподобен за оваа функција. Тие предупредуваат дека со доаѓањето на Ѓул на највисоката функција, постои опасност, владејачката партија во даден момент да ја искористи шансата и да пристапи кон радикално менување на уставниот поредок и секуларната структура на државата.

Исти грижи сподели и турската армија, чиј прв човек, генералот Јашар Бујик Амид во претпразничната честитка за 30 август, денот на победата, која е темпирано е објавена спроти третиот гласачки круг, остро порача дека секуларизмот во земјата е сериозно загрозен, но и додаде дека армијата нема да се премислува да ги искористи уставните овластувања и заветот на Ататурк за зачувување на вредностите на Републиката.

Сериозноста на турските генерали дојде до израз и при првите церемонии при примопредавањето на пртеседателската доллжност. Забележано е дека началникот на Генералштабот на армијата и командантите на родовите на војската не присуствуваа на вчерашната свеченост на положување заклетва и на коктелот кога Абдула Ѓул примаше честитки.

Дали исклучителотно студената атмосфра меѓу врвот на војската и претседателот кој формациски им е врвен командант ќе има поголеми реперкусии што ќе се развијат во нова криза ќе се види на утрешната свеченост на стадионот на Ататурк, каде на прославата на денот на победата, во заедничката ложа би требало да се најдат едни до други претседателот и генералите.

Очите на турскатат јавност се вперени и во традиционалниот прием што по повод празникот секоја година го приредуваат Генерлштабот на армијата, за кое е најавено упатување на покана до претседателот на Републиката, но без првата дама, која носи шамија што за турските секуларисти и армијата е политички симбол на исламистите.