Абас предлага нови избори
16 декември 2006Махмуд Абас во говор одржан денеска во Рамала рече дека за нов парламент треба да се гласа што е можно побрзо. “Да се вратиме кон народот, да го чуеме неговиот глас“, побара Абас. Палестинскиот претседател освен парламентарни предлага и нови претседателски избори. Повикот на Аабас е отфрлен од страна на владеачката организација, Хамас, која говорот на Абас го оценува како обид за пуч. Проблемите на Палестинците можат да бидат решени само ако се формира влада на национално единство, изјави министерот за прашања на затворениците, Васфи Кабха.
Махмуд Абас, пак, исклучува коалиција на неговото движење Фатах со радикално-исламистичкиот Хамас поради неуспехот на разговорите околу формирање влада на нациоанлно единство, кои траат со месеци. Според палестинскиот претседател, негова намера е што побргу да се сретне со изборната комисија за што побргу да почнат подготовки за изборите. Терминот на предвремените избори би требало да биде познат за една недела.