1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џуно стигна до Јупитер

ЕМФ/дв5 јули 2016

По пет години во вселената, сондата „Џуно“ стигна до Јупитер. Сондата, според наводи на американската вселенска агенција НАСА, би требало по многу елиптична патека да им се приближи на гасните облаци на Јупитер.

https://p.dw.com/p/1JJE7
Фотографија: NASA/JPL-Caltech

Оддалеченоста на Џуно од Јупитер би била 4667 километри. Сондата, која се движи главно на соларна енергија, беше лансирана од Кејп Канаверал во август 2011 година. Летот на Џуно беше долг 2800 милиони километри. До февруари 2018 година сондата треба да кружи околу Јупитер и да го истражува со различни инструменти. Научниците се надеваат дека мисијата, која чини околу една милијарда евра, ќе донесе сознанија за настанувањето на Сончевиот систем.

Погледнете го видеото:

Џуно стигна до Јупитер