Една сосема необична свадба
21 ноември 2017На границата меѓу американскиот град Сан Диего и мексиканскиот Тихуана се случи необична венчавка. Церемонијата се одржа на контролниот пункт на американско-мексиканскиот ѕид. Младоженците се надеваат дека по свадбата невестата може да се пресели кај младоженецот во САД. Вратите на американско-мексиканскиот ѕид од 2013 година досега биле отворени само шест пати, за да можат членовите на семејствата, кои ги дели границата, да се видат.
Овојпат во тој еден час, додека беше отворен контролниот пункт, се одржа свадбена церемонија. Брајан и Евелија се запознале пред три години во Тихуана. Брајан се надева дека по свадбата, Евелија ќе може да се пресели кај него во САД. Но, бидејќи Евелија се’ уште нема виза, двојката, за жал, мораше повторно, барем привремено, да се раздели.
http://www.sandiegouniontribune.com/news/watchdog/sd-me-border-gate-20171118-story.html