1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јазикот е клучен за интеграција

Грета Хаман / Е.М. Фиданоска24 септември 2015

За исполнет живот во Германија ништо не е поважно од зборувањето германски. Само така е можно вклопување во секојдневието, така може да се искористат шансите и да се склучат контакти. Како да се учи германски?

https://p.dw.com/p/1Gae0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Имам ли право на курс по германски јазик?

Се‘ додека лицето има статус на барател на азил нема право на настава по германски јазик. Дури откако барањето за азил ќе биде прифатено и кога барателот на азил смее да остане во Германија долгорочно, работите се менуват. Тогаш дури е и задолжително посетување на т.н. курс по интеграција. На овој курс се учи пред се‘ германски јазик, но се учат и правата и обврските во Германија, а станува збор и за политиката и општеството. Надлежната служба за странци ги има точните информации и партнери на кои треба да се обратите за посета на ваков курс.

Младите бегалци имаат повеќе можности за учење германски. Барателите на азил кои се‘ уште немаат десетгодишно образование имаат обврска да одат на училиште во речиси сите германски покраини. Тие, по правило, мора да тргнат на училиште најдоцна 6 месеци по пристигнувањето во Германија. Во повеќето училишта има т.н. класови за добредојде и интеграција. Тука наставниците на децата им предаваат германски јазик и им ја приближуваат културата во земјата.

Кој ќе ми помогне при учењето германски?

Оној кој сака да учи германски уште додека чека на одлука по неговото барање за азил, би требало да се информира во околината. Често доброволци од локалните иницијативи за добредојде, меѓу кои има и наставници, нудат настава по германски јазик во домовите за бегалци. Овие курсеви се бесплатни. Оној кој сака на тој начин да учи германски, може да се информира во локалните советувалишта за бегалци или кај претставниците на советите за бегалци во одделните германски покраини. На интернет страницата wie-kann-ich-helfen.info/category/deutschkurse:"Wie kann ich helfen? има список на приватни курсеви по германски јазик.

Оној што има пари, се разбира, може да посетува и курсеви кои не се бесплатни. Особено познат за тоа е Гете-институтот (Линк: /www.goethe.de/ins/de/spr/deindex.htm:Goethe-Institut) Тука двонеделните до осумнеделните курсеви чинат меѓу 610 и 2140 евра.

Поевтини курсеви по германски јазик нудат т.н. Работнички универзитети (ВХС), какви што има во секој поголем град во Германија. Меѓутоа, курсевите почнуваат само двапати во годината, најчесто во март и во септември. На интернет страницата http://www.vhs.de/:Webseite der Volkshochschulen може да се бараат курсеви во цела Германија.

И на многу универзитети во меѓувреме се нудат специјални курсеви по германски јазик за бегалците. Во таков случај е најдобро да се информирате на лице место, со оглед на тоа што секој универзитет има различна понуда.

Каков материјал може да користам - ДВ-материјал?

Оној кој има пристап до компјутер, може да учи и сам со материјал од Дојче веле. На интернет страницата има многу курсеви по германски јазик за различни степени на познавање на јазикот. 2055:Webseite gibt es viele Deutschkurse für die verschiedenen Sprachniveaus. Почетниците почнуваат со А1. Оној што веќе зборува по малку германски, може да се тестира Линк: einstufungstest.dw.com и така ќе дознае од кое ниво треба да почне со учење на јазикот. Курсевите по јазик на Дојче веле се бесплатни.

Доброволците кои им помагаат на бегалците за своите часови по германски јазик често користат работна тетратка која ја имаат составено пензионирани наставници за нивните часови по јазик за бегалците. Така се учат најважните зборови кои еден барател на азил мора да ги знае на почетокот. Книгата може да се купи на нивната интернет страница deutschkurs-asylbewerber.de.