1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што очекуваат граѓаните во новата 2017-та?

Кристина Озимец
2 јануари 2017

Подобар живот, повеќе работни места за младите, подобро образование, да се стабилизира земјата на политички план, помалку стрес. Секој со различни желби за новата 2017-та година.

https://p.dw.com/p/2V3AX
Mazedonien Bauarbeiten Riesenrad in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Подобар живот, повеќе работни места за младите, подобро образование, да се стабилизира земјата на политички план, помалку стрес. Секој со различни желби за новата 2017-та година. Дојче веле на плоштадот Македонија каде веќе неколку дена се одржува новогодишниот базар разговараше со повеќе граѓани и ги праша како им поминала минатата 2016-та година и што посакуваат од новата година. Некои велат 2016-та била добра и успешна, додека за некои претставувала нестабилна и стресна година. Младите бараат повеќе можности, отварање на работни места и перспектива која ќе им овозможи да останат во земјата. Какви се очекувањата и мислењата на граѓаните за тоа каква година ни претстои, погледнете ја видео анкетата во прилог.