1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што носи арапската пролет?

9 април 2011

На кој начин Западот може да им помогне на земјите во јужниот дел на Средоземието при тешкиот процес на трансформација? Тоа беше тема на панел-дискусијата во организација на Фондацијата Хајнрих Бел во Берлин.

https://p.dw.com/p/10lIh
Тема на панел-дискусијата беше и оправданоста на воената интервенција во Либија

Револуциите во Тунис и Египет во Германија речиси се веќе заборавени. Сликите од Тунис и од плоштадот Тахрир во Каиро со недели доминираа во телевизиските информативни емисии и дискусии. Но, од падот на Бен Али и Хосни Мубарак поминаа веќе неколку недели, револуцијата се прели во соседна Либија и предизвика крвава граѓанска војна. Јорданскиот експерт по политички науки Моуин Рабани предупредува:

„Потпoлно го разбирам повикот на безнадежните либиски бунтовници за интервенција на Европа. Но, сметам дека тоа најпосле ќе предизвика поголема штета отколку корист. Не треба да се размислува само за краткорочните последици, туку и за долгорочните последици од овој напад. Стравувам дека тоа ќе резултира со долгорочна опсада на Либија, што ќе има несогледиви последици.“

Потребна е поинаква помош

Puzzlebild Triptychon die arabische Welt in Aufruhr Dossierbild 1
По интервенцијата на Запасот, постојат стравувања од долгорочна опсада на ЛибијаФотографија: AP

Според Рабани, на либиските бунтовници може да им се помогне и поинаку. На пример со вооружување против Гадафи. Алжирската новинарка и писателка Ганија Муфок е исто така против западната воена интервенција и од Западот очекува поинаква помош за демократското движење во Северна Африка. Таа посакува да се сослушаат желбите, надежите и барањата на луѓето, а нивниот револт да не се гледа како закана за Европа.

„За време на масовното народно движење, во Франција постојано се поставуваа прашањата: Дали ќе биде загрозена нашата стабилност? Дали исламистите ќе станат посилни? Дали ќе претставуваат закана за Израел? Дали ќе имаме доволно нафта? Ќе има ли бран од имигранти? Овој едностран начин на размислување кај нас предизвикува омраза. Зарем мислите дека моите деца и внуци постојат само за да можат да живеат во стабилност на Западот?“, вели Рабани.

Во Европа и САД сериозно се дискутира за тоа, дали народите од Блискиот Исток се способни за демократија. Тоа потсетува на колонијалното време, кога белите освојувачи дебатирале дали воопшто црнците во Африка се луѓе.

Исти правила за арапските владетели и за Израел

Muriel Asseburg
Мјуриел Асебург од Фондацијата наука и политика во БерлинФотографија: SWP

Слично мислење има и Мјуриел Асебург од Фондацијата наука и политика во Берлин.

„Нашите досегашни напори, заостануваат многу зад она што навистина треба да се стори во регионот, ако се земат предвид нашите вредности и претстави. Треба енергично да се искористат шансите и да се преземаат ризици, наместо да се плашиме и во прв план да ги ставаме негативните случувања и потенцијалните закани за нас.“

Во поглед на израелско-палестинскиот конфликт Мјуриел Асенбург додава дека Западот мора да стане поверодостоен на Блискиот Исток. Имено, истите барања што важат за арапските владетели, да важат и за Израел.

Автор: Бетина Маркс / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Симе Недевски