1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ново ќе каже Бундестагот за Македонија?

29 март 2017

Во германскиот Бундестаг повторно ќе се расправа за политичката криза во Македонија. Дебатите последниве години носеа остри критики за власта и надеж за враќање на европскиот пат. На таа линија ќе биде и денешната.

https://p.dw.com/p/2aCkD
Symbolbild Bundestag leerer Plenarsaal Einführung 5 Prozent Hürde
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг денеска, повторно, една од точките на дневниот ред е состојбата во Македонија. Се очекува попладнево, најпрво владата, преку Министерството за надворешни работи, на затворена седница на пратениците да им го претстави своето видување за актуелните случувања во земјата, а потоа да се дискутира на таа тема. Седницата е од затворен карактер затоа што владиниот извештај се смета за доверлив и се води сметка оценките кои произлегуваат од него да не бидат пренесени во јавноста како официјален став на Берлин. 
Од почетокот на политичката криза во Македонија, и особено во последниве две години, комисиите за европски прашања и за надворешна политика, зачестено заседаваа на тема Македонија. По правило, сите седници беа затворени за јавноста, но пратеникот на ЦДУ, Клаус Бремих уште во март 2015 година за ДВ откри дека во својот извештај, германската влада го смета курсот на тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за автократски: 

Авторитарниот курс на македонската влада ја загрозува интеграцијата во ЕУ

Незадоволството од текот на настаните и однесувањето на владејачката гарнитура првата кулминација ја доживеа во јуни 2015 година, кога германското МНР ја спушти оценката за односите со Скопје на „задоволителни“. 

Берлин до Скопје: Седи, „доволен“!

Во октомври истата година, повторно стигнаа остри пораки на адреса на властите во Македонија, овојпат од специјалниот ополномоштеник за Западeн Балкан, Турција и државите на ЕФТА на германската влада Ернст Рајхел, а се однесуваа на реализацијата на Договорот од Пржино.  

Остри пораки од Берлин до Скопје

Во следниот период следуваа и дузина други реакции од различни адреси во Германија во кои се изразуваше загриженост за земјата. Новата кулминација се случи во мај 2016 кога тогашниот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмајер го именуваше искусниот дипломат и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл за специјален пратеник во Македонија. Именувањето имаше двојно значење: се испрати порака за интересот на Германија за мирна разврска на политичката криза во Македонија, но и за делумно незадоволство од дотогашните напори на Европската Комисија да посредува во кризата. 

Diplomat Johannes Haindl
Дипломатот Јоханес Хајндл беше активен како посредник до есента 2016 година.Фотографија: picture alliance/CTK/Horazny/Sterba

Добра вест за Македонија од Берлин

Во реакциите од официјален Берлин секогаш се апострофира значењето и улогата на СЈО и неговата непречена работа. Кон крајот на мај 2016, германското МНР соопшти дека е „екстремно загрижено“ за состојбата во земјата. 

Загриженоста на Германија за Македонија прејде во „екстремна“

Државниот министер Михаел Рот, во интервју за ДВ уште еднаш го потенцираше тоа неполн месец подоцна. 

Рот за ДВ: Цинично е да се играат игри на моќ врз грбот на граѓаните

Во изборите од 11 декември, германските политичари видоа шанса за нов почеток во земјата, како што, во интервју за ДВ рече и пратеникот на ЦДУ и член на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, Торстен Фрај. 

Фрај: Изборите на 11 декември се шанса за нов почеток

По изборите се бараше брзо формирање влада и посветување на реформите: 

Бремиг: Македонија не е самопослуга

Откако почна да станува јасно дека изборите не само што не донесоа крај на кризата туку отворија нова равенка со повеќе непознати, пратеникот на СПД и добар познавач на состојбите во Македонија, Јосип Јуратовиќ резигнирано заклучи дека се надева оти во земјата „ќе профункционира барем парламентот“. Настаните кои следеа покажаа дека, досега, ни тоа не е можно. 

„Грешка е што Груевски беше примен во Берлин“

Gudrun Steinacker
Гудрун ШтајнакерФотографија: DW/P. Stojanovski

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Ѓорге Иванов предизвика серија негативни реакции и осуда во Германија. Најдиректна беше поранешната амбасадорка Гудрун Штајнакер: 

Штајнакер: однесувањето на Иванов е за осуда

Кон критиките, само еден ден подоцна се приклучи и шефот на дипломатијата Зигмар Габриел: 

Габриел: Иванов да ја преиспита и да ја коригира својата одлука

Експресно во земјата беше испратен специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на министерството за надворешни работи на Германија, амбасадорот Кристијан Хелбах. Ни неговите пораки не наидоа на позитивен одговор: 

Дипломатска офанзива кај Иванов

Денешната седница на Комисијата за европски прашања ќе фрли нова светлина на очекувањата во Берлин за разрешување на кризата во Македонија. Пред нејзиниот почеток, шефот на дипломатијата Габриел уште еднаш апелираше до Иванов и партиите да овозможат формирање влада и да го деблокираат парламентот.