1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што значи „меѓународна здравствена закана“?

Хана Фукс/сн3 февруари 2016

Светската здравствена организација, со оглед на брзото ширење на вирусот зика прогласи меѓународна здравствена закана. Меѓутоа што точно значи тоа?

https://p.dw.com/p/1HorN
Фотографија: Reuters/P. Albouy

Поради зика-епидемијата советот на Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот (2.2.) прогласи глобална здравствена закана (Public Health Emergency of International Concern, PHEIC).

Во 2014. година СЗО за глобална здравствена закана ги прогласи епидемиите на ебола и на свински грип, а во 2009. година детската парализа во Пакистан и во Авганистан.

Што е глобална здравствена закана?

Правилата на СЗО за глобална здравствена закана се пифатени уште во 1969. година. Според нив за прогласување на оваа состојба мора да се работи за „исклучителна ситуација“ која претставува опасност од ширење на некоја болест во повеќе земји која претставува закана да стане „ризик за јавното здравје“ во повеќе земји и затоа има потреба од „координиран меѓународен одговор“.

Кој одлучува?

Одлуките за мерките во тој случај ги носи именуван комитет, Итен комитет за меѓународниот здравствени правила.

Комитетот се состои од меѓународни стручњаци, на пример стручњаци за борба против епидемии, виролози, стручњаци за вакцини. Членовите на комитетот ги именува главниот директор на СЗО, а во моментов тоа е Маргарет Чан. Најмалку еден член од комитетот треба да биде од земјите во кое се појавило заболувањето.

Honduras - Maßnahmen gegen Zika Virus - Tegucigalpa
Фотографија: Reuters/J. Cabrera

Какви се последиците?

Комитетот проценува дали се работи за заразно заболување кое претставува опасност од меѓународно значење.

Тој дава привремени препораки кои би требало да ги превземат погодените земји или подрачја. Можат да бидат повикани и земји кои се’ уште не се погодени, да преземат мерки кои ќе го спречат ширењето на причинителот на болеста.

Може , на пример, да станува збор за воведување карантин, затворање граници или ограничување на меѓународни патувања. Таков беше случајот кога избувна епидемијата на ебола.

СЗО нагласи дека во моментов нема причина за општо ограничување на патувања или воведување трговски ограничувања.

Но, бремените жени во погодените подрачја би требало медицински да се набљудуваат, стандардизирани процедури за дијагностицирање на инфекцијата зика и микроцефалии и зголемена борба против комарците кои го пренесуваат заболувањето.

Прогласувањето на зика за глобална закана за здравјето би требало посебно да ги поттикне стручњаците во фармацевтската индустрија и оние кои располагаат со пари да го засилат истражувањето на овој вирус. Бидејќи, се’ уште има многу непознати работи во врска со вирусот за кој се знае веќе со децении.

Дали и кога ќе биде прогласена крај на здравствената закана за тоа ќе одлучи комитетот кој својата препорака ќе ја упати до главната директорка на СЗО.