1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што донесува 2016 година?

Фридел Таубе/сн2 јануари 2016

Зад Европа е една возбудлива година. А една не помалку возбудлива година е пред неа. ДВ издвои неколку важни теми и настани во Европа односно во Европската унија во 2016 година.

https://p.dw.com/p/1HUar
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Kalker

Повеќе од еден милион бегалци во 2015 година дојдоа само во Германија. Војните во Сирија, Ирак и на африканскиот континент, ги тераат луѓето на бегство. Политиката за бегалците ќе остане главна тема во Европа и во новата година - и најголем предизвик. Како да се дистрибуираат бегалците во членките на ЕУ? Како да се интегрираат? И како сето тоа ќе функционира во однос на внатрешните проблеми во Унијата, во која десничарските партии се во подем, како на пример во Франција, Полска и во Унгарија? Многу прашања за ЕУ. Холанѓаните и Словаците кои во 2016 година ќе претседаваат со Советот на ЕУ (1. и 2. полугодие), ќе се обидат да помогнат при барањето одговори.

И економската ситуација во Грција останува тема во 2016 година. Третиот пакет за помош на земјите во еврозоната започна во 2015., под одредени услови. Владата на премиерот Алексис Ципрас веќе започна многу реформи, финансиерите влегуваат со претпазлив оптимизам.

Russland Forum der demokratischen Koalition in Moskau Alexei Nawalny
Фотографија: DW/N. Batalow

Избори и самит на НАТО

Во септември вниманието ќе биде насочено кон источна Европа, кон парламентарните избори во Русија. Неколку опозициски групи сакаат да се обединат против рускиот претседател Владимир Путин и да влезат во Думата, вклучувајќи ја и партијата на блогерот Алексеј Навални. И во Украина внимателно ќе се следат изборите, бидејќи кризата поради анексијата на Крим и посебно на Донбас на истокот на земјата, и натаму трае.

Украина ќе биде тема и на самитот на НАТО, од 8. до 9. јули во Варшава. Но, таму пред се’ ќе станува збор за напорот да се обединат различните интереси во рамките на Алијансата. Источно-европските партнери на НАТО, како и домаќинот Полска, сакаат потврда политика кон Русија. САД сакаат да го сочуваат единството на сојузот. Јужните држави, како што е Турција, сакаат да спречат Алијансата премногу да се фокусира на исток. Тоа е разбирливо, со оглед на геополитичката позиција на Турција како сосед на Сирија и на Ирак.

Полска во фокусот

Преминуваме на полесните теми во Европа во 2016. година, но остануваме во Полска. Европска престолнина на културата е Вроцлав, поранешен германски Бреслау. Градот на реката Одра ги очекува гостите со многу новини, вклучувајќи го и новиот Национален музички центар. Посетата на Вроцлав во последната недела на јули посебно младите католици можат да ја поврзат со уште едно од врвните случувања кои ќе се одржуваат во Европа во 2016. година. Во Краков, само 200 километри оддалечен од Вроцлав, од 31. се одржува Светскиот ден на млади. Темата е „милосрдие“- и се вклопува во Светата година, која ја прокламираше папата Франциско.

Vatikan Heiligabend Papst Franziskus
Фотографија: Reuters/T. Gentile

Евровизија во Шведска и пат на Марс

Во Европа има многу планови во областа на културата. На пример, Евровизија, која шведскиот пејач Манс Зелдерлоф со песната „Херои“ ја доведе во Стокхолм. Со 43. земји учеснички, тоа ќе биде најголемиот Еровизиски натпревар во историјата, велат организаторите. Украина се враќа по една година пауза (поради политичката криза). И Австралијанците кои учествуваа во 2015. година како исклучок поради 60. годишнината на Евровизија - повторно доаѓаат, меѓутоа, овојпат само во полуфинале. Финалето е на 14. мај.

Светот на науката на 14. март ќе гледа во небото, кога со лансирање на сонда започнува долгоочекуваната руско-европска мисија на планетата Марс- „Ехо-Марс“. Сондата „Trace gas orbiter“ (ТГО) би требала да стартува од вселенскиот центар во Бајконур во Казахстан и ќе бара траги од гас во атмосферата на Марс. ТГО сондата е прв дел од мисијата „Ехо-Марс“, а во 2018 година би требало да следи еден Ровер.

Frankreich Terror in Paris Stade de France
Фотографија: Reuters/R. Duvignau

Европското првенство во фудбал во знак на засилена безбедност

Последно, но не и помалку важно - во Франција на 10. јуни започнува Европското првенство во фудбал. Четири недели фудбалски суперлатив, 24. тима, повеќе од кога било, ќе се борат за Купот на Европа. По терористичките напади во Париз на 13. ноември 2015 година се’ ќе биде во знакот на безбедност. Финалето на шампионатот ќе се игра на стадионот во париската населба Сент Дени, едно од местата кое во ноември беше цел на терористите. За француските домаќини ќе биде предизвик аспектот на безбедност да не ги засени спортските аспекти. Чисто спортски, трката за титулата би требало да биде возбудлива: фаворити се светскиот шампион Германија и домаќинот Франција.