1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпионирани турски баратели на азил во Германија

ЖА
14 октомври 2017

Дали раката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган стигнува до германските служби? Според медиумите, доверливи податоци биле натамошно проследувани до турски медиуми блиски на владата во Анкара.

https://p.dw.com/p/2lpmf
Deutschland Bundesamt für Migration und Flüchtlinge in Nürnberg
Фотографија: picture alliance/dpa/Geisler-Fotopress

Турски баратели на азил покренуваат тешки обвинувања против соработници на германски служби. Постои сомневање дека оттаму се предавани информации на турски медиуми, блиски до власта, со цел да се оцрнуваат засегнатите, известуваат магазинот „Шпигел“ и телевизискиот магазин „Репорт Мајнц“ на телевизијата АРД.

Во повеќе наврати во Турција било обелоденето местото на престој на баратели на азил, кратко откако тие се имале пријавено во Сојузната служба за миграција и бегалци, БАМФ, каде со нив биле водени разговори. Турските медиуми овие луѓе ги етикетираат како терористи. Според „Шпигел“, засегнатите претпоставуваат дека податоците натамошно ги пренесувале преведувачите присутни на разговорите. Во два случаи истрага врши и германската полиција.

По обидот за пуч во Турција во јули 2016 година, бројни турски државјани побараа азил во Германија, меѓу кои, според медиумите, и преку 600 високи државни службеници, од кои 250 имаат дипломатски статус.

Илјадници судии и други функционери во Турција ги загубија работните места и се наоѓаат во затвор. Владата ги обвинува за врски со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, за кого Анкара смета дека стои зад обидот за пуч, а кој живее во егзил во САД.