1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанија: слонови шетаат по автопат

3 април 2018

Еден слон загина, а уште два се повредени откако камионот кој ги превезувал излетал од автопатот во југоисточна Шпанија

https://p.dw.com/p/2vOKx
Spanien Elefanten Unfall Autobahn
Фотографија: Reuters/Twitter/Policia Local Albacete

Циркускиот камион кој превезувал пет слона, се превртел при обид да претекне бавно возило во регионот на Кастиња- Ла Манча. Сообраќајот беше во прекин повеќе од два часа поради тоа што три слона слободно шетаа по автопатот, а четвртиот мораше да биде извлекуван со специјална опрема откако заглави во дупка.
Директорот за сообраќај во шпанското министерство за внатрешни работи постираше видео од повредениот слон кој беше евакуиран на Твитер.

Шпанските активисти за заштита на правата на животните го осудија инцидентот и повикаа на прекин на користењето животни во циркусите. „Слоновите треба да бидат во џунгла, а не да се превезуваат од едно шоу до друго“, порачаа тие.


Ова не е прв ваков инцидент во Шпанија. На 20 март, локалните жители во градот Екстремадура беа изненадени од нилски коњ кој слободно шеташе низ градот. Животното тешко еден тон, претходно избегало од локалниот циркус.