1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест години затвор за Писториус

ЕМФ/сид/ард6 јули 2016

Поранешниот параолимпиец Оскар Писториус е осуден на шест години затвор за убиство на својата девојка Рива Стинкамп во февруари 2013 година. Обвинителството бараше 15 години затвор за екс-спринтерската ѕвезда.

https://p.dw.com/p/1JJwP
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Langori

Втора пресуда во случајот Оскар Писториус: поранешната спринтерска ѕвезда денеска е осуден на шест години затвор за убиство на Рива Стинкамп. Пресудата во Преторија ја соопшти судијката Токозиле Масипа. Таа изрече многу поблага казна од она што го бараше обвинителството, имено - 15 години затвор.

Писториус, кој стана светска ѕвезда со своите спектакуларни спринтови на ножни протези, ја застрела својата девојка Рива Стинкамп на 14 февруари, во својата куќа. Шесткратниот параолимписки победник тврди дека станува збор за трагична грешка и дека тој сметал оти во куќата влегол провалник и затоа пукал во паника. Рива Стинкамп беше погодена со четири куршуми.

Обвинителството пак смета дека убиството е извршено со намера. Во текот на првиот судски процес, кој заврши во 2014 година, Писториус доби петгодишна затворска казна за убиство без предумисла. Обвинителството меѓутоа поднесе жалба на пресудата.