1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Климатска катастрофа во сиромашните земји

Вилијам Кормек Волш/сн2 декември 2015

САД, Кина , Русија и останатите најголеми загадувачи,покажуваат дека не се подготвени да преземат одговорност за планетата. Притоа веќе и пораст на температурата од еден Целзиусов степен за многу земји значи катастрофа.

https://p.dw.com/p/1HFoT
Фотографија: DW/M. Mamun

Тоа е особено голем проблем во сиромашните земји. Така на пример за луѓето кои живеат во Бенгалскиот залив, климатските промени не се апстрактен поим- тоа нивно секојдневие. Нивото на морето секоја година расте за 4 милиметри. Водата полека им ја одзема на луѓето нивната родина.

„Живееме во делтата на мочуришното подрачје на Сундарбан, веднаш на брегот. Ние сме први кои ги погодува растот на нивото на водата. И ако вака продолжи, еден ден ќе умреме, ништо друго...“, вели еден мештанин.

Експертите тврдат дека за 15 до 25 години крајбрежните подрачја едноставно ќе исчезнат.

Илјадници километри понатаму, во кинеската покраина Нинхсиа, симптомите се поинакви ама причината е идентична.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Климатска катастрофа во сиромашните земји

Овде луѓето од нивните села ги тера екстремниот недостаток на вода. Температурите постојано растат, владеат големи суши. Истражувачите велат дека трансформацијата на климата е виновна за огромните промени во нашата животна средина- и оти за тоа постојат непобитни докази.

На југот на Перу,пак, американските научници редовно вршат мерења на глечерот Кори-Калис. Во изминатите 50 години тој се намалу за повеќе од еден километар.

„Глечерите немаат политичка агенда, тие не можат ништо да разубавуваат или да го намалуваат значењето . на нив немилосрдно можат да се документираат промените. А промените се драматични.“, вели американскиот климатолог, Лони Томсон.

Две третини од тропските глечери се наоѓаат во Перу- и се топат. Во изминатите 40 години, површината на глечерите се намалила за повеќе од 40 проценти. Ако ваквиот тренд продолжи, наскоро повеќе нема да постојат.