1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

120710 USA Ölpest Kampf

12 јули 2010

Откако подводните работи ја отстранија лошо поставената купола од отворената цевка во Мексиканскиот залив, нафтата повторно без пречки се излева во водата. „Бритиш петролеум“ тврди дека тоа било неопходно.

https://p.dw.com/p/OGid
Фотографија: picture alliance/dpa

Еден чекор назад, два напред - според ова мото енергетскиот концерн „Бритиш петролеум“ се обидува да излезе на крај со нафтената катастрофа во Мексиканскиот залив. Чекорот назад преку телевизиските екрани можеа да го следат милиони гледачи во цел свет. Неверојатни слики - подводни роботи управувани од далечина, на длабочина од 1.600 метри го отстранија досегашниот инструмент за вшмукување, кој беше лошо поставен на цевката од каде се излева нафта.

Последица - откако цилиндерот беше изваден, нафтата повторно непречено се излева во водата. Сепак, отстранувањето беше неопходно за да може да следува вториот чекор - техничарите се обидуваат врз отворената цевка да постават поголем и посоодветен цилиндер. Со него треба да се спречи странично излевање на нафта и испуштање гас.

Golf von Mexiko Öl Katastrophe
Дневно истекуваат по 60.000 барели нафтаФотографија: AP

Ќе помогне искуството

Експертите се оптимисти и сметаат дека тоа би можело да успее, зашто во изминатите недели инженерите имаат стекнато искуство со инструменти за вшмукување нафта. Тед Ален, кризен менаџер за нафтената катастрофа на американскиот претседател Обама, вели: „Ако бидеме успешни со овој обид, ќе бидеме во состојба да ја собираме целата нафта што истекува.“

USA Ölpest Golf von Mexiko Öl auf Hände
На жителите на американскиот јужен брег им останува само да се надеваатФотографија: AP

Според проценките на американската влада, во моментов во морето се излеваат 60.000 барели нафта, додека со новиот цилиндер би требало да можат да се преработат 80.000 барели.

Само преодно решение

Сепак, експертите знаат - дури и новиот инструмент да функционира подобро од досегашните куполи, тоа ќе биде само преодно решение: „Вистинско решение на проблемот ќе донесат дури двете странични дупчења“, вели Ален.

Техничарите на БП, имено, имаат намера да стигнат во близина на местото каде што се излева нафтата во август. Тогаш, од две страни треба да ја издупчат главната цевка за да можат преку страничните цевки подобро да го контролираат количеството на нафтата што се вади и на тој начин потоа засекогаш да го запечатат местото од кадешто излегува нафта. На луѓето на јужниот брег на САД им останува само да се надеваат дека на експертите тоа навистина ќе им појде од рака.

Автор: Клаус Кастан/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска