1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хроника на случајот Ходорковски

17 мај 2005

Во процесот против рускиот нафташ Михаил Ходорковски, судот во Москва смета дека неговата вина е потврдена. Ова вчера го соопшти надлежната судијка Ирина Колесникова. Потврдени се сите седум наводи од обвинението, а пресудата ќе биде изречена денеска.

https://p.dw.com/p/AcqO
Не е прашање, дали туку колку ќе добие: Михаил Ходорковски зад решетки
Не е прашање, дали туку колку ќе добие: Михаил Ходорковски зад решеткиФотографија: AP

Пред две години, во мај 2003 името Михаил Ходорковски за првпат стана познато и надвор од границите на Русија. Тогаш насловите гласеа:„најголемиот руски нафтен концерн го презема помалиот конкурент Сибнефт„. Новата фирма под името Јукос-Сибнефт на тој начин влезе во светската лига на нафтени концерни. Со 2,3 милиони барели дневно, новиот гигант црпеше толку нафта колку членката на ОПЕК Кувајт. Соединувањето е споредливо само со она меѓу Ексон и Мобил ојл, се велеше. Руските олигарси станаа богати на почетокот на 90-сеттите години при таканаречаната „дива приватизација„. Со слободата на цените и истовременето воведување на приватната сопственост, руската економија требаше да добие забзување. Тоа имаше катастрофани последици: цените на производите толку пораснаа што голем дел од населението беше принуден да продава се што има, меѓу другото и таканаречените ваучери. Бистрите нови капиталисти нив ги купуваа за чифт рубли од очајните луѓе. Така тие дојдоа во посед на големите државни фирми, а со тоа и до огромен имот. Поранешниот комсомолски функционер Михаил Ходорковски кон средината на деведесттите години на тој начин дојде до мнозинскиот пакет акции на Јукос, а неговиот пријател Роман Абрамавич во сопственост на една друга голема фирма за нафта, Сибнефт. Половина година по дилот меѓу Јукос и Сибнефт, на 25 октомври, шефот на Јукос беше уапсен за време на пропатувањето со приватниот авион во Новосибирск. Државното обвинителство му префрла меѓу другото, за тешка измама, фалсификување на билансот и ибегнување плаќање данок, а стопанските штети ги одмери на една милијарда долари, иако од почетокот беше јасно дека станува збор за кампања водена од Кремљ.

Притисокот врз рускиот нафтен гигант започна во јули со затворањето на менаџерот на Јукос Платон Лебедев кому му беше префрлено за измама во приватизацијата. Уште против еден соработник на фирмата се води постапка, но поради убиство. Со месеци се шпекулираше дека поради судската кампања, Ходорковски би можел да избега во странство, како што претходно направија влијателните олигарси Березовски и Гусински. Тогаш шефот на Јукос ги отфрли таквите претпоставки:

„Ако е задачата во тоа мене да ме стават во затвор, тогаш нека го направат тоа. Јас во никој случај нема да бидам политички емигрант„.

Во понеделникот, по неговото апсење, курсот на акциите во Русија толку падна што берзата во Москва привремено мораше да затвори. Американските концерни Шеврон и Ексон ги прекинаа преговорите за можен влез во Јукос и искажаа силен сомнеж во рефромскиот курс на претседателот Путин. Тој се почусвтвува предизвикан да излезе пред јавноста:

„Молам да завршат сите шпекулации и хистеријата во овој случај. Ја молам и владата да не се вовлече во оваа дискусија„.

Една недела по апсењето, рускиот генерален правобранител ги заплени 53-те насто од акциите на концернот Јукос. Се велеше дека се сака да се спречи нивно продавање на трети. На 3 ноември, според едно писмено соопштение од затворот, Ходорковски поднесе оставка на местоот шеф на Јукос. Во март 2004 од затворот напиша самокритичен текст во кој бара повисоки даноци за минералните богатства, за себе си да си префли што недовлно им помагал на сиромашните. Тоа не беше од корист: судот не дозволи да биде пуштен од истражниот затвор, со образложение: би можел да влијае врз сведоците, но и да избега.

Процесот против него започна пред нецела година. Обвинението побара десет години затвор. Започна процес кој како фарса го оценија и други, не само организациите за човекови права. На претседателот Путин му е само до тоа да ја врати државната контрола врз клучните индустрии, а олигарсите да ги стави во фиока. Тој пак, невино тврди дека не е така:

„Главниот сигнал гласи: никој не е поштеден. Сие мораат да му се потчинат на законот независно на функцијата или милијардите на приватните сметки. Сите мораат да бидат еднакви пред законот„.