1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хомосексуалноста за многумина во Европа се‘ уште е табу

Сабрина Пабст / Елизабета М. Фиданоска10 јули 2013

Во Марсеј од 10 до 20 јули се одржува Еуропрајд - парада на хомосексуалците од Европа. Многу хомосексуалци не се чувствуваат безбедно во ЕУ. Тие и покрај законите се дискриминирани. Државата е едно, граѓаните друго.

https://p.dw.com/p/1954N
Фотографија: Getty Images

Запалени барикади, солзавец, водени топови - илјадници противници на хомо-бракот во Франција пролетта водеа улични борби со полицијата. Демонстрациите против воведување на истополовите бракови покажуваат дека законската рамноправност на хомосексуалните парови е се‘ уште исклучително контроверзна тема.

Конзервативните сили се исправени наспроти либералните размислувања. Аргументот на противниците гласи: вредностите на општеството би се руинирале, класичната претстава за семејството би била уништена. „На населението му е потребно некого да прогласи за грешник, зашто тоа е збунето, луто и фрустрирано“, возвраќа Евелин Паради од ИЛГА-Европа (International Lesbian, Gay, Bisexual, Trans and Intersex Association) во Брисел.

Традиционалните вредности и институции, како бракот и класичната слика за семејството, во неизвесни времиња добиваат на значење. „Промените во Европа се случуваат многу бргу. Во изминатите 10 години не само што воведовме закон против дискриминација, туку и други права, како право на посвојување деца и брак. Тоа се драстични промени, но менталитетот на населението не е променет, или барем не се менува со еднаква брзина“, вели Паради. Затоа истополовата љубов во многу делови на Европа наидува на отпор.

Infografik DEU Die Menschenrechtslage für homo-, bi-, trans- und intersexuelle Menschen in Europa
Состојбата со човекови права за припадниците на ЛГБТИ заедницата во Европа (црвено - дискриминација и непочитување на правата, зелено - рамноправност и почитување на правата)

Социјална изолација и отворено непријателство

Истражувањето на ИЛГА-Европа, односно Rainbow Europe Country-индексот, покажува колку напредува законското изедначување на хомосексуалците во Европа. Велика Британија, Белгија и Шведска имаат добри законски услови. Во средината се Данска, Германија и Хрватска, а на дното останува Русија.

ЕУ-агенцијата за основни права (ФРА) истражуваше колку хомосексуалците се чувствуваат сигурно во својата татковина. Најбезбедно се чувствуваат испитаниците во Велика Беиранија, Белгија и Шведска. Студијата покажува, меѓутоа, и тоа дека ширум Европа мора да се поправи прифатеноста на хомосексуалците во општеството - 46 проценти од хомосексуалците се чувствуваат дискриминирани поради својата сексуална ориентација.

Во единаесет земји на ЕУ не се дозволени истополови бракови. Во само седум држави, меѓу нив Данска, Холандија и сега и Франција, брак е дозволен. Во девет членки, како на пример Германија, како форма постои животна заедница, што е еден вид „брак лајт“ верзија. Токму поради тоа, во државите на ЕУ има огромни разлики во правилата за истополовите парови за оданочување, за наследство и за издршка.

„Законите не значат и прифатеност“

Основен принцип на унијата е слободен избор на место на живеење за граѓаните на ЕУ. За хомосексуалците, меѓутоа, преселба во рамки на ЕУ може со себе да донесе големи ограничувања. Тука европската толерантност наидува на граници. Евелин Паради ја критикува ограничената слобода на движење на хомосексуалните парови во рамките на Европа. Ако еден хомосексуален пар од Холандија, каде ги има истите права како и хетеросексуалните парови, се пресели во Романија, таму нема да биде признат какобрачен пар.

Bildergalerie Christopher Street Day Köln 2013 CSD Cologne Pride
Фотографија: DW/C. Nehring

„Тоа е очигледна дискриминација, повреда на правата на еден граѓанин на ЕУ“, нагласува Паради. Но таа сепак оценува дека е само прашашње на време кога сите земји на ЕУ ќе бидат подготвени да се борат против дискриминацијата на хомосексуалците ширум Европа.