1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холандска сопка за договорот меѓу ЕУ и Украина?

Николас Коноли / ЕМФ6 април 2016

Холанѓаните на референдум одлучуваат за ратификација на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, кој беше повод за кризата во Украина во 2014. и војната на истокот на земјата. Денес договорот е повторно спорен.

https://p.dw.com/p/1IQ4I
Фотографија: DW/L. Scholtyssyk

20. февруари 2014: плоштадот Мајдан во украинскиот главен град Киев е во пламен. Под притисок на Русија, претседателот Виктор Јанукович се спротивстави да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ, за кој долго се преговараше. Илјадници проевропски Украинци излегоа на улиците, Јанукович мораше да избега. Договорот во јуни 2014 година сепак е потпишан.

Речиси две години подоцна, договорот кој треба да ја врзе Украина за Западот, се кочи токму на Запад, во Холандија. Противниците на ЕУ повикаа на референдум за да го спречат договорот. Активистот Рене ван Левен објаснува:

„Луѓето сакаат да гласаат за тоа, сакаат конечно да бидат слушнати од Брисел и од нашиот парламент. Тоа е навистина важно и се надевам дека луѓето ќе гласаат.“

Холандија е единствена членка на ЕУ која го нема ратификувано договорот, со кој се регулираат трговските односи на Европа со Украина. Тоа за повеќето Холанѓани е апстрактна тема. Многумина на референдумот гледаат повеќе како на гласање за доверба на сопствената влада и на ЕУ. Холандската влада тоа го негира.

Бернд Кундерс, министер за надворешни работи на Холандија, потенцира:

„Прашањето кое го имаме пред нас е јасно: се работи за договорот со Украина. Се разбира дека сега многумина тука ќе мешаат работи кои воопшто немаат врска со тоа. Меѓутоа, мора да се издигнеме над тоа и да покажеме колку договорот е важен за Украинците и за Холанѓаните.“

Овде може да го погледнете видеото:

Ќе се сопне ли договорот меѓу ЕУ и Украина во Холандија?

И поддржувачите на договорот, доколку избирачите денеска гласаат со „не“, стравуваат од сериозни консеквенции, дури и надвор од границите на Холандија.

„Луѓе, овде, во Холандија, се обидуваат да ја дестабилизираат земјата и ЕУ. И да го загрозат мирот во светот. Тоа е сигурно грижа и мора да бидеме против такво нешто“, вели еден учесник на демонстрациите за поддршка на договорот.

На коцка се многу работи. Ако се гласа против договорот би можеле сериозно да бидат загрозени трговските односи со Украина. А, Холандија би можела да добие друга улога - од верна членка основач на ЕУ во иднина да стане тежок партнер.