1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хеликоптер се урна врз куќа

ЕМФ
31 јануари 2018

Три лица загинаа, а две се повредени кога хеликоптер се урна врз куќа во Њупорт Бич, Калифорнија. Во хеликоптерот во моментот на несреќата имало 4 лица.

https://p.dw.com/p/2rqAc
Symbolbild Hubschrauber
Фотографија: Fotolia/Silverpics

Според очевидци, пред да се урне леталото можело да се види чад. Соседката Педи Фобијон раскажува:

„Истрчав надвор... Како да е воз кој доаѓа накај тебе, мислев дека е воз, толку беше гласно. Кога истрчав сѐ што видов се последиците, прашината.“

Кенди Региц, исто така соседка, видливо возбудена вака го доживеала падот на хеликоптерот:

„Помислив дека нешто набрзо ќе падне врз мојот покрив, го грабнав кучето, истрчав надвор и тогаш сфатив дека не е мојата куќа, но се гледаше чад и урнатини наоколу, позади мојата куќа.“

Хеликоптерот прво останал да виси на еден покрив, а потоа се урнал долу и удрил во ѕид од друга куќа.

Хеликоптер се урна врз куќа