1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фудбалскиoт свет тагува по трагедијата на Шапекоенсе

Дојче веле/ агенции
30 ноември 2016

Фановите на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе жалат за изгубените животи на речиси целиот тим кој настрада во авионска несреќа.

https://p.dw.com/p/2TWg6
Brasilien Fans des Fußballvereins Chapecoense trauern im Stadion Arena Conda
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Penner

Југоисточниот град Шапеко и неговите 200.000 жители ги оплакуваа загинатите фудбалери пред зелено-белиот стадион во вторникот. Авионот на тимот се урна на југот на Меделин, при што загинаа 71 од 77 луѓе, вклучително и поголем дел од тимот.

Импровизирано светилиште пред влезот на стадионот беше наполнето со дресови, цвекиња и со свеќи. Меѓу нив имаше и постер напишан со детски ракопис: „Никогаш не се изморија од качување нагоре, а сега се во рајот“.

Темата беше вирална и на социјалните медиуми.

„Тие беа надежта на нашиот град“, вели за Ројтерс Јан Панегали, 17-годишен студент од Шапеко. “Тие играа со љубов за дресот, а не за пари. Тие играа со посветеност која ја знаат само оние кои преживеаја“.

Во меѓувреме, градоначалникот на Шапеко, заедно со експертите од бразилската авијација и со здравствените и полициските претставници, заминаа за Меделин со авион на бразилските воздушни сили, според изјава на портпаролот на бразилскиот претседател, Мајкл Темер.

Истражителите пронајдоа две црни кутии на местото каде се урна авионот, според гувернерот Луис Перез од департментот Антиокија. Тој рече дека член на екипажот изјавил дека светлата на авионот ненадејно се изгасиле.

Британскиот авион првпат бил продаден како нов во 1999 година и бил користен од две други авиокомпании пред да биде купен од боливиска Ламиа.

На патот кон славата

Сочувства кон тимот, кој ја имаше најдобрата сезона во 43-годишната историја, се испраќаат од целиот свет. Тимот беше на пат да го освои второто по квалитет континентално натпреварување во Јужна Америка. Само тројца од тимот ја преживеаја несреќата. Докторите цвелат дека ја ампутирале ногата на резервниот голман Џексон Фолман, откако ја преживеал несреќата која уби 19 од неговите соиграчи.

Kolumbien Flugzeug Absturzstelle
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Benavides

Во меѓувреме, потпретседателот на клубот, Иван Тозо, вети дека клубот ќе игра повторно наредната година.

„Тимот ќе биде реструктуиран, со нови играчи, ќе одржиме многу состаноци и имаме многу трпение за да продолжиме понатаму“, рече Тозо. „Ние планираме да продолжиме наредната година“. Други тимови веќе ја понудија нивната помош.

Солидарност од членовите на лигата

Неколкумина од топ тимовите во земјата соопштија дека ќе позајмат играчи за да може Шапекоенсе да се врати повторно на терените.

„Тоа е минимум гест на солидарност што можеме да го направиме, но е резултат на искрена желба за реконструкција на тимот кој е дел од бразилскиот фудбал што го изгубивме денеска“, се вели во заедничка изјава на најголемите тимови.

Дури и клубовите кои се најголеми ривали ги обоија во зелено своите стадиони и веб страници, во бојата на Шапекоенсе. И Атлетико Паранаенсе го тргна на страна ривалството со Коритиба и го обои својот авион во зелено.

(Ројтерс, ДПА, АФП)