1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фридрих бара проверка на визната либерализација за Македонија и Србија

АТ/ афп/ дапд/ епд12 октомври 2012

Надлежните германски служби јавуваат зголемување на бројот на баратели од азил од Македонија и Србија. Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих бара проверка на одлуката за безвизно патување за овие две земји.

https://p.dw.com/p/16Ogp
Фотографија: picture-alliance/ZB

Бројот на баратели на азил во Германија од почетокот на месецов е значително зголемен. Најголемо зголемување е регистрирано кај баретелите на азил од Србија и од Македонија информира весникот „Билд“, повикувајќи се на бројки од Службата за миграција и бегалци. Според тоа од 1. до 10. октомври биле поднесени 3.744 барања за азил. До крајот на месецот се очекуваат вкупно околу 11.700 барања за азил. Тоа би биле речиси една четвртина од вкупниот број на баратели на азил во цела 2011 година.

Според статистиката бројот на српски баратели на азил од 496 во август се зголемил на 1.395 во септември, додека бројот на македонски баратели на азил се зголемил од 620 на 1.040.

Hannover - Innenminister Friedrich begrüßt irakische Flüchtlinge
Ханс Петер ФридрихФотографија: picture-alliance/dpa

Весникот „Билд“ пренесува дека експертите претпоставуваат дека пред се’ кај барателите од Балканот социјалните услови во Германија, за подносителите на азил и бегалците од кризни региони, се можен поттик за бегство во Германија. Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за весникот изјави: „Визната либералзииација не смее да води до злоупотреба на азилот. На овој начин се оптоварува подготвеноста за помош на Германија за лицата на кои вистински им е потребна помош или се прогонувани“.

Тој преку весникот „Пасауер ноје прессе“ се заложи за проверка, дали безвизниот режим од овие две земји може да биде оддржан: „Визната либерализација за Србија и за Македонија мора да биде проверена. Соодветна одлука и на наше инсистирање донесе Советот на министрите за внатрешни работи во април 2012. Оваа одлука сега брзо мора да биде спорведена на европско ниво“, опомена Фридрих.

Deutschland Asyl Streit um Asylbewerberheim in Leipzig
Барателите на азил ги привлекуваат условите што се нудат во прифатните центри. На фотографијата е прифатен центар за баратели на азил во ЛајпцигФотографија: picture-alliance/dpa

По информациите за нов бран баратели на азил од Македонија и Србија, и експертот за внатрешна политика од опозициската СПД Михаел Хартман се заложи за консеквенти мерки против целна злоупотреба на азилот. Со неопходната строгост овде треба да се испрати сигнал, изјави денеска Хартман преку државниот медиумски сервис Сидвеструндфунк. Политичарот зборуваше за „несовесни банди“ кои ги мамат луѓето од Балканот во Германија за „извесен период да минат во овој систем“. Службата за бегалци во Нирнберг би морала овие баратели на азил да ги одбие по брза постапка, се заложи Хартман.