1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Фотографија на денот: Сламенковци

ЕМФ
22 јули 2017

На нашата #ФотографијаНаДенот е симпатичното сламено семејсво на една фарма во Грајфсвалд, во германската покраина Мекленбург Предна Померанија.

https://p.dw.com/p/2gxoS
Deutschland BdT Riesige Strohpuppen bei Greifswald
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

„Сламенковци“ расположено канат гости во најретко населената покраина во Германија, но затоа најполна со домашни туристи. Постојано во подем е и бројот на странски гости.

Годинава се чини дланките задоволно ќе ги тријат не само угостителите и хотелиерите, туку и земјоделците. Фармерите во Мекленбург Предна Померанија годинава ќе имаат натпросечно богата жетва. Така барем прогнозира покраинското земјоделско здружение. „Повторно е убаво да си фармер“, вели претседателот на здружението, Детлеф Курек.

„Сламенковци“ задоволно потврдно се смешкаат на својата фарма.