1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Робот ЕДАН е помошник-негувател

СН/ агенции
24 мај 2018

Во Германија има хроничен недостаток од негуватели на стари лица. Само со увоз на работна сила од странство, вклучително и од земјите од Западен Балкан не се решава проблемот.

https://p.dw.com/p/2yCPu
Vorstellung Pflegeroboter
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Затоа веќе неколку години Германскиот центар за воздушна и вселенска пловидба (ДЛР) заедно со хуманитарната организација Каритас развиваат роботски системи кои треба да бидат ангажирани во негата на стари лица. Сега тие на пресконференција во Гармиш-Партенкирхен го претставија роботот-помошник ЕДАН кој може да се види на оваа #ФотографијаНаДенот.

Повеќе на темата: 

-Германија: Увозот на негуватели од странство не го решава проблемот

-На Германија итно ѝ требаат негуватели од странство