1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Фотографија на денот: рибари-витези

СН/ агенции
24 јули 2017

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на традиционалниот рибарско-витешки турнир во германскиот град Улм, кој се одржува на секои 4 години.

https://p.dw.com/p/2h32X
BdT Ulmer Fischerstechen
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner

Сцена која нѐ враќа во некои дамнешни времиња. Рибари во историски костуми, опремени со копје, се обидуваат да победат во дуелот, односно да останат на суво во чамецот. Поразениот завршува во вода. Овој обичај со векови се практикува во бројни региони во Германија. 

Еден од најпознатите и најстари вакви рибарско-витешки турнири се одржува во градот Улм на реката Дунав. Се смета дека првите вакви турнири во градот се одржале во 14 или 15 век. Во поново време традицијата во овој град во германската покраина Баден Виртемберг се повторува на секои четири години. Слични манифестации, покрај во Германија, се одржуваат и во Франција и во Швајцарија.