Потресениот Стразбур под опсада
12 декември 2018Напаѓачот ѝ бил познат на полицијата, и важел како потенцијално опасен, бидејќи очигледно претходно за разни деликти веќе бил осудуван како во Франција така и во Германија. Тој стрелал од огнено оружје врз насобраните луѓе во историскиот центар на Стразбур, каде традиционално се одржува божикен панаѓур, кој привлекува бројни гости не само од градот туку и од целиот свет. Напаѓачот и натаму е во бегство а потресениот град е под вистинска опсада. Се верува дека припадниците на воената патрола го раниле во една од двете вооружена престрелки, кои следувале по нападот на божикниот панаѓур.
Полиицијата го блокираше речиси целиот град а во потрагата по напаѓачот учествуваат 350 припадници на безбедносните сили како и два хеликоптери. Освен тоа во цела Франција е прогласен највисок степен на терористичка закана. Тоа се случи по итната седница во Париз, која ја свика претседателот Емануел Макрон . На неа ,меѓу другите, присуствуваа, премиерот Едуард Филип и секретарот за одбрана Фиренца Пари.