1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Последици од бурата „Бурглинд“

4 јануари 2018

Блокирани патишта, прекини на железничкиот сообраќај - бурата „Бурглинд“ во Германија предизвика големи штети. Поради зголемениот водостој на повеќе реки се стравува и од поплави.

https://p.dw.com/p/2qJbF
Deutschland | Sturmtief "Burglind" - NRW
Фотографија: picture alliance/dpa/D. Young

Бурата „Бурглинд“ во многу делови на Германија ги стави вчера пожарникарските служби во непрекината акција. Беа блокирани бројни сообраќајници, а со пречки се одвиваше и железничкиот сообраќај. На #ФотографијаНаДенот: огромно дрво, откорнато од силниот ветар, кој на места достигнуваше до 120 километри на час, паднато врз куќа во Ратинген, покраината Северна Рајна Вестфалија. Во повеќе региони и денеска продолжуваат силните врнежи од дожд, па постои страв од поплави.

„Бурглинд“ предизвика штети и во Белгија, Швајцарија и Холандија, како и во Англија, Ирска и Франција, каде бурата беше наречена „Елинор“. Без струја останаа 35.000 домаќинства во северниот дел од Франција, а еден турист загина од пад на откорнато дрво во француските Алпи. Во Шпанија пак невремето однесе три жртви.