Култура
Фотографија на денот: подготовки за 184. Октоберфест
12 август 2017Реклама
Почна одбројувањето до најголемиот народен панаѓур во светот- Октоберфест. Работници во еден од големите шатори за Октоберфест, кои традиционално се поставени на Терезиенвизе (Терезината ливада), монтираат светилки под „небесната“ покривна конструкција. Годинешниот фестивал на пивото во баварскиот главен град Минхен започнува на 16 септември а ќе трае до 3 октомвр, период во кој милиони посетители ќе испијат милиони литри пиво и ќе изедат безброј колбаси и переци.