1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Отворена сезоната на фонтаните

СН/ агенции
11 април 2018

Германија има безброј паркови и дворци, чиј неодминлив белег се прекрасните фонтани. Најголем дел од нив до неодамна беа исклучени поради оддолжената зима. Сега меѓутоа нивниот „воден танц“ повторно воодушевува.

https://p.dw.com/p/2vpIN
BdT Deutschland Berlin Brunnensaison - Märchenbrunnen im Volkspark Friedrichshain
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во народниот парк Фридрихсхајм во Берлин, во кој се наоѓа прочуената фонтана на бајките. На официјалното отворање на сезоната на фонтаните, таму, согласно името на фонтаната присуствуваа бројни обожуватели маскирани во ликови од бајките. Меѓу нив и оваа жена во костум на самовила.