1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Фотографија на денот: Најголемиот рентгенски ласер во светот

ЕМФ
2 септември 2017

Во северна Германија, длабоко под земја, почна со работа најсилниот рентгенски ласер ХФЕЛ (X-Ray Free-Electron Laser). Тој овозможува да се следат и снимаат реакциите на молекулите и атомите.

https://p.dw.com/p/2jFLJ
Deutschland Eröffnungszeremonie zum Start des Röntgenlasers XFEL
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Gateau

Рентгенската камера на ХФЕЛ ги препознава не само одделните честички на материјата, туку и детално ги снима хемиските реакции. Огромната камера е долга 3,4 километри.

Супер светлото рентгенско светло може да го користат истражувачките лаборатории. Тоа до нив доаѓа преку цевки кои имаат слични димензии како водоводните цевки во домаќинството. Таквите лаборатории на научниците им отвораат неверојатно можности, како прецизно проучување на нано-структурите при проучувањето на материјата.

Физичарите можат да ја изложат материјата на екстремен притисок за да видат како таа се однесува под огромна енергетска густина, или може да се создаваат услови како при настанувањето на универзумот. Со екстремно прецизните спектроскопи може да се откриваат и други тајни. Биохемичарите и медицинарите може детално да ги проучуваат биомолекулите, да прават молекуларна анализа на вирусите и да откриваат што оди како што не треба кога човечкото тело одеднаш почнува да продуцира клетки на рак.

Зраците од огромниот ласер на нашата #ФотографијаНаДенот