Фотографија на денот: Најголемата тиква во Европа
10 октомври 2017Реклама
Природата дава, но и човекот треба да се потруди заради постигнување повисоки резултати, гласи пораката на земјоделецот Матијас Вилемијнс од Белгија, производител на тиква тешка 1008 килограми, со која победи на Европскиот натпревар одржан на викендот во германскиот град Лудвигсбург. Манифестацијата е дел од Изложбата на најголеми тикви која во градот се одржува до 5. ноември.