1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Младенче на снежен леопард во Берлин

Ж.А. /ДВ
19 август 2017

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа малечкиот снежен леопард како лежи во својата корпа во Зооолошката градина во Берлин.

https://p.dw.com/p/2iPo7
"BdT", Impfen von kleinem Schneeleoparden
Фотографија: picture-alliance/B.Pedersen

Младенчето на снежен леопард е една од приновите во Зоолошката градина во Берлин. Уште нема име, а на оваа #ФотографијаНаДенот се гледа како лежи во својата корпа, кратко откако примило вакцина. Снежниот леопард е средно голема мачка, која потекнува од централна Азија и има животен век од 15-18 години, но во заробеништво живее и до 20 годишна возраст. Живее во високите планински региони.