1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Мед „меид ин Бундестаг“

5 септември 2017

Во Паул-Лебе, една од помошните згради на германскиот Бундестаг во Берлин, се населени пчели. Медот кој го произведуваат се продава со етикета „Бундестаг-цветови“ и приходот оди во проект за заштита на пчелите.

https://p.dw.com/p/2jKd5
Deutschland BdT Honig von Bienenvölkern am Reichstag
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

На иницијатива на двајца германски пратеници, во Паул-Лебе, една од помошните згради на германскиот Бундестаг во Берлин, од лани се населени пчелни семејства. Околу 100.000 пчели летово вредно собираа полен и нектар во блиската градина Тиергартен. Медот се продава со етикета - „Бундестаг-цветови“ и приходот се влева во проект наменет за заштита на пчелите.