1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Коала-младенче во Дуизбург

СН/ агенции
28 јули 2017

На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види едно коала младенче во Зоолошката градина во Дуизбург кое по задолжителното мерење на тежината се има зграпчено за една кадифена коала.

https://p.dw.com/p/2hHPF
BdT Koala-Nachwuchs im Duisburger Zoo
Фотографија: Picture alliance/dpa/M. Becker

Коалата се вбројува меѓу најпознатите животни на Австралија. Често се нарекува коала мечка и мечка торбар и овие имиња упатуваат на сличноста во надворешниот изглед на коалата со мечките. Меѓутоа коалата не е во сродство со мечките, туку таа се вбројува во за Австралија типичниот род на цицачи- торбари. На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види едно коала младенче во Зоолошката градина во Дуизбург кое по задолжителното мерење на тежината се има зграпчено за една кадифена коала. Малечката коала сѐ уште нема добиено име.  Со вкупно 10 коали, Зоолошката градина во Дуизбург го има најголемиот фонд на овие симпатични животни во Германија. На 20 јули Зоолошката се вклучува во меѓународниот ден за заштита на коалата: "Save-the-Koala-Day“