1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Фотографија на денот: Карл Маркс, вино и „Капитал“

21 март 2018

Виното имало голема улога во животот на филозофот Маркс, роден во Трир на 5. мај пред 200 години. Како сопственик на лозје, тој ја согледал социјалната беда, а своите идеи ги преточил во делото „Капитал“.

https://p.dw.com/p/2udtN
BdT Karl Marx und der Wein
Фотографија: picture alliance/dpa/H. Tittel

#ФотографијаНаДенот: Сегашниот и поранешниот сопственик- Максимин фон Шуберт стои меѓу лозите во лозарскиот комплекс Гринхаус Херенберг во Мертесдорф кај Трир покрај пластична фигура на Карл Маркс. Лозјето, кое своевремено било нарекувано Фиртелсберг, речиси 30 години припаѓало на семејството Маркс. Виното имало голема улога и во животот на филозофот Маркс, не само за пиење, зашто му ги отворило очите за социјалната беда на работниците. А тоа имало последици по целиот свет преку неговото дело „Капитал“, една од највлијателните книги во историјата на човештвото.