Фотографија на денот: Зимски пејзаж на првиот пролетен ден
20 март 2018Реклама
Германија исто така е цврсто во зимска прегратка - на #ФотографијаНаДенот го гледате во мраз окованиот мост во туристичкото одморалиште Герен, на островот Риген во покраината Мекленбург-Предна Померанија, ден пред официјалниот почеток на пролетта. Метеоролозите велат дека ова не е ништо невообичаено, на неколкугодишни циклуси времето знае да изненади и пролетта малку да задоцни.