Фотографија на денот: Запознајте го Џингис Кан
13 април 2018Реклама
Се роди годинава на Велики петок и тоа во Германија. Го доби името Џингис Кан и е главен протагонист на оваа #ФотографијаНаДенот. Овој негов фото-портрет е направен деновиве во една штала во фармата за камили Штернбергер Бург во близина на германскиот град Шверин. Малото бело камилче му припаѓа на родот на големи камили, кои може да тежат и до еден тон.