1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Фотографија на денот: Дојче пост тестира роботи-поштари

9 октомври 2017

„PostBOT“ е на четири тркала и е ангажиран најпрво во тест фаза во Бад Херсфелд во покраината Хесен. Роботот-придружник треба да ги растовари поштарите при дистрибуцијата на поштенски пратки.

https://p.dw.com/p/2lTzi
BdT - Deutsche Post testet Zustell-Roboter "PostBOT"
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pförtner

Дојче пост претстави робот-придружник, кој треба да ги растовари поштарите при дистрибуцијата на поштенски пратки. „PostBOT“ е на четири тркала и од минатата недела е ангажиран најпрво во тест фаза во Бад Херсфелд во покраината Хесен. Роботот на електронски погон го следи поштарот, ориентирајќи се кон неговите нозе со помош на сензори и може да носи пратки со тежина до 150 килограми. Претставник од Дојче пост тврди дека со воведувањето на роботот не се загрозуваат работни места, тој е само во помошна функција на поштарите.