1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Детски велигденски желби

23 март 2018

Во германското село Остерајштет во покраината Долна Саксонија, постои поштенска служба каде се собираат испратените писма од деца од цел свет до Хани Хазе со велигденски желби.

https://p.dw.com/p/2ulx3
Deutschland BdT mit Deutschlanbezug | Endspurt im Postamt von Hanni Hase
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Jasper

Познато е дека Дедо Мраз им носи подароци на децата, но тие имаат и уште една дополнителна можност за исполнување на своите желби - од велигденскиот зајак. Во германското село Остерајштет во покраината Долна Саксонија, веќе 36 години постои поштенска служба, каде се собираат испратените писма од деца од цел свет до Хани Хазе, а во неа работат десетина доброволци-поштари. Лани тие одговориле на 31.000 детски писма. На #ФотографијаНаДенот: поштенска марка и печат од Велигденското биро на еден плик.