1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на таткото

10 мај 2018

Во Германија денеска се празнува Денот на таткото, пандан на етаблираниот Ден на мајката.

https://p.dw.com/p/2xTUY
Vatertag in Remscheid
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Fassbender

Четириесет дена по Велигден, христијаните го слават празникот Христово вознесение, „конечниот премин на човечката природа на Исус во божествената величественост“. Според Библијата, Исус Христос пред очите на неговите следбеници бил обвиткан од облак и однесен на небото.

Во Германија во 17. век празникот почнал полека да го губи религиозното значење и да се претвора во „машко тајане“, со обилно консумирање на алкохол. Од 19. век во одделни градови на овој ден се организираат машки излети во природа, каде женско присуство не е пожелно. Во поново време овој ден, во Германија државен празник, е познат и како Ден на таткото, пандан на етаблираниот Ден на мајката. На #ФотографијаНаДенот: група мажи во Ремшајд со чашка ракија наздравуваат за „својот празник“.