1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ден на спиењето

21 јуни 2018

Првиот календарски летен ден, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка, во Германија е и Ден на спиењето. Се одбележува од 2000. година, со цел да се укаже на здравственото значење на сонот.

https://p.dw.com/p/2zzXa
Reisemythen Geschäftsmann Schlaf Nickerchen Power nap
Фотографија: picture-alliance/dpa/beyond

Човечкото тело има потреба од одмор и од сон. Ова ноќно кино во главите е важно заради преработка на доживувањата и емоциите и нивно фиксирање. Недоволно или немирно спиење води кон екстремна раздразливост и нетрпение, а страда и целокупната работоспособност. Затоа, погрижете се навреме да заминете во кревет и добро да се наспиете, иако мислите дека имате да завршите уште илјада работи! #ФотографијаНаДенот: бизнисмен совладан од сон во хотелско лоби, покриен со весник на главата.