1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Ден на краставиците во Шпревалд

Ж.А. /ДВ
15 август 2017

Со крунисување на кралска двојка, на шаренолика и весела панаѓурска забава во Шпревалд, во покраината Бранденбург, се празнува Денот на краставиците.

https://p.dw.com/p/2iCO9
Bdt - 19. Sprewälder Gurkentag
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Settnik

Германците организираат најразлични фешти во чест на пивото, виното, јачменот, колбасите, розите...и избираат по тој повод кралици или кралски двојки. 

Новата кралска двојка на краставиците, Кристоф Први и Ангелике Прва во Голсен, покраината Бранденбург, во изминатиот викенд презентираше кошнички свежи краставици. Со крунисувањето на кралската двојка, на шарена и весела панаѓурска забава во Шпревалд се празнуваше 19-от Ден на краставиците.