1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Фотографија на денот: Вагнеровиот фестивал во Бајројт

СН/ агенции
27 јули 2017

Германската културна сцена е богата со прочуени музички фестивали. Еден меѓутоа во длабока сенка ги фрла сите останати: фестивалот на оперите на Рихард Вагнер во Бајројт. Годинава се одржува неговото 106 издание.

https://p.dw.com/p/2hD9D
BdT - Bayreuther Festspiele 2017 - Eröffnung
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Посебно свеченото отворање на фестивалот на кој се изведуваат исклучиво делата на прочуениот германски композитор е вистинска смотра на прочуени лица од јавниот живот во Германија и во светот. Канцеларката Ангела Меркел е редовен гостин на овие свечени почетоци на фестивалиоте во Бајројт. Така беше и годинава а на отворањето (25.07.2017) беше изведена операта на Рихард Вагнер „Мајстори пејачи од Нирнберг“.  На канцеларката друштво и правеше и кралското семејство од Шведска. Оваа #ФотографијаНаДенот на црвениот килим во Бајројт ги прикажува шведската кралица Викторија и сопругата на премиерот на германската покраина Баварија, Хорст Зехофер- Карин.