Фотографија на денот: Balkan Booster
26 септември 2017Реклама
Балкан не е само географски поим. Балканот е полн со историја, драма, музика, регион кој живее во сегашноста, се мачи со минатото и се надева на доброто на иднината. Тој и таков Балкан е центарот на новиот проект на Дојче Веле - Balkan Booster, во чии рамки 14 млади луѓе од регионот, меѓу нив и Македонци, секојдневно ќе ни ги пренесуваат своите впечатоци за регионот, ќе известуваат за својот живот, своите соништа и перспективи. Тие ќе одат во посета на соседни земји во регионот, ќе ги запознаваат соседите и ќе се соочуваат со предрасудите.
Следете нѐ овде, на Фејбук (dw.macedonian) или Твитер (@dw_macedonian)
Содржините ќе можете да ги најдете под хаштагот: #dw_BalkanBooster