1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Најважно е да се реши прашањето за името

ЖА/миа1 октомври 2012

Еврокомесарот Штефан Филе во Атина разговараше со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос за прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија.

https://p.dw.com/p/16IEe
Фотографија: picture-alliance/dpa

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе по денешната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија изјави дека имале плодна и конструктивна дискусија од која главен заклучок е дека проширувањето на ЕУ мора да остане високо на агендата и за време на претседателството на Грција во 2014 година.

„Европската перспектива за сите земји е многу важна и важно е да се одржи моментумот на процесот на проширување и покрај моменталните услови. Процесот за проширување мора да оди напред, а моментумот е моќен алат за справување со тешкотиите со кои се соочуваат земјите кои чекаат да станат членки. ЕК останува посветена и го поддржува присоединувањето на Западен Балкан и Турција кон ЕУ“, рече Филе.

Тој го информирал Аврамопулос за средбите што ги имаше со државниот врв на Македонија и го запознал со процесот на дијалогот на високо ниво што се води меѓу ЕК и македонската влада.

Според Филе, Македонија успешно ги спроведува реформите и информира дека следната недела ќе поднесе извештај за напредокот на земјата, потсетувајќи дека ЕК веќе три години предлага почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

„Најважно е да се реши прашањето за името и земјата да продолжи напред во процесот на присоединување кон ЕУ“, изјави еврокомесарото за проширување Штефан Филе.